Македонија
6. March 2021 - 12:49

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со Владата на СДСМ не може да постигне никаков напредок

Секој граѓанин знае дека СДСМ и Заев лажат затоа што секој еден човек чувствува дека не живее подобро.

Дарко Каевски неуспешно ги брани политики на криминалната Влада на СДСМ

Единствена вистина е дека Македонија нема никаков напредок во борбата со корупцијата, а тоа го нотира и „Фридом Хаус“.

Македонија останува делумно слободна држава во која што се нотирани, изборен поткуп, заплашување на гласачи. Македонија е земја во која новинарите се предмет на политички притисок и вознемирување, а физичките напади продолжуваат да се пријавуваат.

Оценката на „Фридом Хаус“ дека Македонија е делумно слободна држава само се надоврзува на оценките од почетокот на годинава за хибриден режим на „Економист“, на оценката дека Македонија тоне во корупција според „Транспаренси Интернешнл“, е најкорумпирана земја во Европа.

Македонија со Владата на СДСМ не може да постигне никаков напредок, освен во корупцијата и криминалот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ