Македонија
3. July 2019 - 16:54

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се наоѓа во најлош демографски период од нејзината историја

Вчера имавме можност вам, на македонската јавност да ви ги соопштиме податоците за најлошата демографска година во историјата на Македонија, со најмал наталитет откако има статистика и бројки во Македонија. Ви соопштивме податок, дека падот на родените бебиња во минатата 2018-та година, со оваа влада на Зоран Заев, во однос на 2016-та година – последната година од владата на ВМРО-ДПМНЕ е фрапантни 7.3 проценти.

Значи ова е само водед, а бројките кои што ќе ги кажам се уште полоши, уште позагрижувачки и уште поразителни. Значи она што уште еднаш ќе речам пред малку и вчера го кажавме, тоа е дека 2018-та година беше убедливо најлоша демографска година, најлоша година за наталитетот и родените бебиња во историјата на Македонија.

Е сега, после 2018-та година доаѓа 2019-та година и ова е најважниот дел од оваа прес конференција.

Почитувани присутни, во првиот квартал од оваа 2019-та година имаме шокантен и катастрофален невиден до сега пад на родени бебиња во Македонија, од шокантни 13 проценти. Имаме рецесија на наталитетот од 13 проценти во првиот квартал споредено со историски најлошата 2018-та година. Значи внимавајте за која катастрофа, за кое иселување, за кој егзодус од Македонија станува збор поради политиките на Зоран Заев и неговите 28 министери. Значи 2018-та година имаме најлошата демографска година во историјата на Македонија, 70 години наназад, а на таа најлоша демографска година во првиот квартал на 2019-та година имаме пад од фрапантни, невидени, шокантни 13 проценти. Тоа е поразително. Тоа е буквално поразително.

Уште еднаш тоа значи дека Македонија умира и Македонија се иселува. Сите. Од сите националности и региони. Си заминуваат луѓето од Скопје, си заминуваат луѓето од Полог, си заминуваат луѓето од источна Македонија, од Пелагонија, Битолско, Прилепско, Охридско, си заминуваат луѓето од Кумановско и Липковско, си заминуваат сите, а најмногу си заминуваат младите.