Македонија
4. October 2021 - 14:11

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијашот Шилегов не може да биде иднина за Скопје, туку за Идризово

Мафијашот Шилегов кој е фатен како мести тендери од 300.000 евра не може да биде иднина за Скопје, туку за Идризово.

Шилегов е фатен на дело како со Весковски вовел во работа фирма за која немал основ. Фирмата ја завршила работата, а дури два месеци потоа е распишан тендер за да се исплати истата. И не само што тендерот е местен за неа, туку и се наплатила и до 8 пати повеќе за голем број на ставки.

За овој криминал на Шилегов има доволно докази, а со него Шилегов ќе биде иднина за Идризово.

Не може народот да трга пари цел живот за да купи еден стан, а Шилегов за еден мандат како градоначалник да купува луксузна хациенда во Маврово и гради зграда дивоградба во сред Скопје.

Парите кои Шилегов ги пријавил како приход не се доволни ниту за луксузната хациенда, а не пак за зградата.

Шилегов има стекнување без основ и за тоа ќе одговара.

Шилегов е мафијаш и предводник на урбаната мафија, неговото место не е во Град Скопје, туку во ЈО и Кривичен суд, каде наскоро ќе биде.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ