Македонија
9. February 2023 - 9:07

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе умираат поради недостиг на лекови, а Ковачевски единствено се грижи за власт

Секојдневно пријави за лажни бомби, луѓе умираат поради недостиг на лекови, а Ковачевски единствено се грижи за гола власт и исполнување на наредбите на Ахмети

Оливер Спасовски и МВР пет месеци не може да откријат кој се поигрува со безбедноста и сигурноста на државата и граѓаните.

Пет месеци граѓаните живеат во страв и паника, а Спасовски бега од одговорност и оставка.

Во текот на вчерашниот ден пријавено е дека на електронските адреси на повеќе средни училишта, како и на МРТВ, Транспортниот центар, станбениот објект Џевахир Сити, ГТЦ, ТЦ Ист Гејт и Сити Мол се поставени екплозивни направи, а наместо пронаоѓање на сторотелите, МВР испрати бледо соопштение дека истите се лажни. Освен дека дојавите за бомби се хибриден напад, Спасовски ништо друго не презема и не одговара до каде е истрагата и кои си игра со безбедносниот систем на државата.

Граѓаните се заложници на криминалната и неспособна влада на СДС и Ковачевски.

Луѓе умираат како резултат на неспособноста на владата да обезбеди лекови.

Владата, Ковачевски и Спасовски не ги интересираат граѓаните, единствено ги интересира криминалот, богатењето и удобствата.

Уште колку време му е потребно на Спасовски да открие кој испраќа лажни дојави за бомби? Што уште треба да се случи за Ковачевски да распише предвремени парламентарни избори?

Доста е. Потребни се итни промени!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ