Македонија
6. July 2017 - 18:40

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерното однесување во Собранието е одлика само на СДСМ

Лицемерното, неодговорно и себично однесување во Собранието на Република Македонија е одлика само на СДСМ и на никој друг. Сите ветувања и очекувања кои што ги даваа на граѓаните за време на изборите сега гледаме дека ниту сака, ниту има намера да ги реализира.

Ова го истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Томислав Тунтев од СДСМ на која рече дека формирањето на десет пратенички групи од страна на ВМРО-ДПМНЕ е класична блокада на Собранието и на реформите кои ги очекуваат граѓаните.

- Нема ништо од инклузивноста, нема ништо од подадената рака, нема ништо од градењето на консенсзус за клучни прашања за државата, нема ништо од спроведувањето на заеднички реформи. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што го побара нацрт довговорот со Бугарија, СДС се уште го крие, иако побаравме информации за остварените разговори во Грција се уште не знаеме за што поточно се разговарало во Атина, се вели во реакцијата.

Како коректор на новата Влада, се додава, она што ветивме дека ќе бидеме и будно ќе ги следиме во нивната работа поднесовме низа на закони, дел од нив идентични со законите што ги поднесувале СДС додека беа опозиција, а дел од нив решенија кои сметаме дека значително ќе допринесат за подобрување на животот на граѓаните, СДСМ се што можеше да се одбие, одбија.

- Исто така, покрај најавите за транспарентност на одлуките кои ќе ги носи Владата, преку новиот план за реформски приоритети насловен „3-6-9“, СДС покажа дека нема намера да се консултира и советува со ниту еден друг политички субјект за потребните реформи. Токму затоа сме загрижени и нема да дозволиме СДС повторно да ги изигра граѓаните преку нивната добро позната тактика со празни ветувања пред избори, а никаква реализација додека се на власт, се посочува во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.