ВМРО-ДПМНЕ: Левица и СДС коалицијата од Скопје ја проширија и во други општини
Коалицијата СДС и Левица како по правило не дава поддршка на буџетот во општините кај што градоначалниците со од ВМРО-ДПМНЕ. Ова покажува дека коалицијата од градот Скопје се префрла и во други општини. Таков е примерот и со општина Прилеп кај што советниците на Левица и СДС сложно одбија да дадат поддршка на буџетот за 2023 година со кој се предвидува рехабилитација на 50 улици, изградба на кружен тек во центарот на Прилеп и катна гаража. Советниците на Левица и СДС беа против изградба на доводен цевковод во село Канатларци, но и против други проекти во интерес на граѓаните.
Колку и да глумат, координирана активност во советите во другите општини ги издава.
Не даваат поддршка на изградба на западен булевар во Гевгелија, а во Охрид не даваат подршка на реконструкција на улици, 15 детски игралишта, 2 мултифункционални игралишта, а беа и против нова опрема и механизација за јавните претпријатија. Во Бутел не дадоа поддршка на уредување на кејот на река Серава, а во Свети Николе не дадоа поддршка на дваесет милиони за нови улици, водоводи и канализациски системи. Во Аеродром сложно одбија да дадат поддршка на нови детски градинки и паркови, а во Велес не беа за инвестирање на 1,5 милиони евра во нови улици и патишта.
Очигледно лепакот на Тачела коалицијата во Скопје се проширил и во другите места. Развојните буџети во општините не им чинат ама затоа им чини ортаклукот во Скопје и скопските јавни претпријатија. Оваа коалиција е деструктивна и не работи во интерес на граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Платини поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА Инфантино
-

Мицкоски: Сакаме добри односи со сите соседи, но прво заштита на интересот на државата и на идентитетот
-

Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ, соопштија од М-НАВ
-

Ново инклузивно мултифункционално спортско игралиште во Куманово – инвестиција во младите и заедницата
-

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против шверцувањето мигранти и трговијата со луѓе
-

Многу блиску сме до одлука сами да го градиме Чебрен и Галиште, тоа е стратешки проект за државата, вели Мицкоски
-

Извештај: Во ЕУ секоја недела се открива претходно непозната дрога
-

Скопјанец се заканувал дека ќе го задави своето дете, кршел покуќнина и ја повредил сопругата и нејзината мајка
