Македонија
3. March 2018 - 9:51

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот, изнудите и насилството царуваат на улиците, а во МВР владее тотален хаос

„Додека СДСМ се обидува да ги потцени граѓаните и да ги убеди дека пајаци напаѓаат полициски службеници, младо момче е избодено со нож и се наоѓа во критична состојба, а насилникот е на слобода.

Криминалот, изнудите и насилството царуваат на улиците, а во МВР владее тотален хаос. Криминалците се амнестирани и се во коалиција со власта.

Економијата тоне, сиромаштијата и невработеноста се во пораст, парите на граѓаните наместо за капитални проекти одат во џебовите на функционерите на СДСМ, а Македонија е лидер во Корупција во светот.

Ова е резултатот на 9 месеци владеење на СДСМ и Зоран Заев.

Во срамен обид да се прикријат овие факти СДСМ врши политики прогон кон своите политички неистомисленици. Секој оној кој ќе го крене гласот против штетните политики на СДСМ и Заев треба да биде заплашен со монтиран случај од обвинителството на копче. Обвинителството е под целосна контрола на СДСМ и обвинува по наредба.

Дурловски, Илиевски, Јованоски, Дамовски, Чавков, Божиновска, Мукоски, Тарчуловски, Николовски, Пешевска и сите оние кои се наоѓаат во притвор не се терористи. Овие луѓе се патриоти кои го кренаа гласот против катастрофалните политики на СДСМ. Судот мора да го почитува законот, а притворот во никој случај не смее да биде користен за политички цели. Судиите мора да се ослободат од стегите на власта и да се вратат во служба на граѓаните.

Тортурата, стравот и насилството мора да запрат. Македонија мора повторно да стане демократска држава и да се врати владеењето на правото. Законите мора да важат за сите подеднакво и да запре политичкиот прогон“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.