ВМРО-ДПМНЕ: Крајно лицемерно e Спасовски да честита ден на полицијата
Токму во неговиот мандат се случи целосно деградирање на полициската служба и наместо сервис на граѓаните полицијата ја претвори во партиски сервис кој немо го посматра владеењето на криминалот и неговата коалиција со мафијата на власт.
Во најмала рака е крајно лицемерно да честита ден на полицијата и да говори за нејзината професионалност во услови кога тој лично именувал командир на полициска станица, кој во акција на ДЕА беше фатен како обезбедува пратка со 200 килограми дрога вредна 800 илјади евра. Патем од страна на обвинителството беше посочено дека една друга акција за сузбивање на трговија со дрога веројатно била пробиена токму од високи службеници од полицијата. И на крајот на краиштата токму во мандатот на Оливер Спасовски се случи најголемиот скандал во Министерството за внатрешни работи со што беше нарушен угледот на државата, беше нарушен безбедносниот систем и дигнитетот на сите припадници на полицијата. Се работи за мега скандалот Мафија кога министерството за внатрешни работи издало над 200 официјални македонски исправи на нарко босови, мафијаши, криминалци, убијци, атентатори и терористи, благодарение на што овие лица слободно шетале како македонски граѓани со украден идентитет низ светот. Патем истиот тој Спасовски вината ја бара кај обични чиновници во полицијата, како да е возможно ваква операција да се спроведе без вмешаност на највисоки функционери во министерството токму во негов мандат.
Спасовски е срам за полицијата и го има трајно нарушено угледот на институцијата која ја води и достоинството на сите нејзини службеници почнувајќи од случајот со пајакот, па се до најголемите скандали кои го тресат министерството до ден денешен.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово