ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов да го праша Заев до каде е пресудата за „Монструм“
Костадин Костадинов наместо да држи празни прес конференции, нека го праша Зоран Заев до каде е пресудата за случајот Монструм и зошто дозволи еден од убијците да избега.
Костадин Костадинов треба да одржи една прес конференција пред МВР и да го праша Оливер Спасовски до каде е истрагата за убиецот на Мартин Јанушев, до каде е истрагата за напаѓачите од Рузвелтова, зошто ниту едно убиство не е разрешено!?
Што се однесува до случајот со Томислав Димитровски, тоа е приватна случка, која МВР треба да ја истражи и да постапи согласно закон.
Граѓаните очекуваат и истраги и процесуирање на криминалите на оваа власт, но тоа СДСМ не може да го спроведе, тоа ќе го спроведе новата влада на ВМРО-ДПМНЕ по 12 април. Кога секој што се огрешил кон законите ќе одговара за стореното.
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023