ВМРО-ДПМНЕ: Кога ќе се вратиме на власт, ќе го вратиме рамниот данок и ќе се намали акцизата на горивата
Македонската економија пропаѓа, потфрла планираното полнење на буџетот со даноци, за пет месеци годинава недостасуваат, односно има буџетска дупка од 3 милијарди денари. Тоа значи нема да има пари за пензии, за администрација, за услуги кон граѓаните, за болници, за училишта, а власта не се откажува од луксузот и од лошите економски политики.
УЈП при собирање на данокот има три милијарди денари дупка, три милијарди денари помалку пари во буџетот за граѓаните, три милијарди денари помалку од планираното на економскиот тим, на економското цунами – Заев, Анѓушев, Тевдовски!
УЈП и Владата немаат одговор на што се должи толкаво потфрлање, дупка во полнењето на буџетот на име на собрани даноци во висина од 50 милиони евра, што е пак вовед во нов економски иден шок наскоро, нови потреси во државата, нови отежнувања на животот на граѓаните кои тонат во сиромаштија.
Потфрлањето на Владата и на УЈП, 50 милиони евра разлика од планираното и реализираното даночење е показател дека спротивно на лагите на Заев, на Тевдовски и на Анѓушев, економијата не цвета, а Македонија не блеска, дека платите реално не растат, економската активност е намалена и дека нема нови вистински инвестиции.
Лагите на Заев, на Анѓушев и на Тевдовски дека Македонија блеска не го полнат буџетот. Повисокиот данок, лошата економска политика, акцизите, вештачкото зголемување на платите и политичките лаги на Заев не го подобрија животот, не ја подобрија услугата на државата кон граѓаните. Напротив ги бркаат компаниите, и домашните и странските, граѓаните живеат полошо, а квалификуваната работна сила од работници до ИТ инженери ја напуштаат државата секојдневно.
Уште од сега ВМРО-ДПМНЕ ветува дека кога ќе се врати на власт, ќе го врати рамниот данок и веднаш ќе се намали акцизата на горивата, како приоритетни економски зафати за стабилизирање на македонска економија.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми