ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е коалиција за продолжување на криминалното владеење
Заев да каже дали лидерот на БЕСА се уште мисли дека Заев е измамник
Лидерот на БЕСА за лидерот на СДСМ Заев кажа: “Тој е измамник кој не си стои на зборот”.
Два месеца потоа коалицира со истиот тој измамник.
СДСМ и БЕСА денес формираа коалиција за пораз на изборите на 12 април.
Коалицијата е спој на луѓе без јасни и конкретни ставови.
Зоран Заев е човекот кој од Македонија направи хибриден режим, оваа коалиција е за создавање на целосен режим.
Зоран Заев е човекот, главата на криминалниот октопод, шефот на мафијата. Тој е човекот под чии диктат се носат судски одлуки и се кројат кривични постапки.
Заев е човекот зад криминалот, корупцијата и рекетот, поради кои Македонија падна за 13 места на индексот на корупција на Транспаренси.
Коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е коалиција за продолжување на криминалното владеење.
БЕСА е партијата која заговараше федерализација на Македонија, а добро е да се знае дали и Заев ги дели истите ставови. СДСМ креира поделби.
Граѓаните ќе ги поразат СДСМ на изборите на 12 април и ќе ја донесат правдата во Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024