Македонија
6. March 2020 - 15:17

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе си даде ли Заев оставка сега кога ќе ги изгуби изборите?

Зоран Заев е во очај. Зоран Заев е еден истрошен политичар. Свесен е дека рејтингот му е во слободен пад и затоа избегнува лидерско соочување со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски. На секое соочување, јавноста има прилика да види колку е Заев инфериорен или пак да чуе некоја негова нова лага.

Затоа го повикуваме да се охрабри и да излезе на понудената можност за дебата на телевизија Алфа, која што е една од 5-те национални телевизии. Тоа што бега не значи дека ќе успее да побегне од судот на граѓаните кој му следува на 12-ти април.

Јавно прашуваме она што ги интересира граѓаните но и сите нас, тоа е да одговори веднаш Зоран Заев, дали сега на 12-ти април кога ќе ги изгуби изборите ќе си поднесе оставка?

И ако каже дека ќе си поднесе оставка, очекуваме еднаш барем, барем овој пат да си додржи до зборот и на тој начин да ја ослободи СДСМ, но и Република Македонија од своето штетно политичко дејствување.

Доволно граѓаните се заложници на лудоста, криминалот, лицемерието, лагите и коруптивноста на Зоран Заев и неговата криминогена фамилија.

Претстојните избори се избор помеѓу чесната понуда, принципите, реалната програма и одговорната работа за иднината на Република Македонија кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ од една страна, но и криминалните тендери на Зоран Заев, на неговото семејство и на функционерите од СДСМ, рекетот како главен проект на оваа влада на СДСМ изминативе 3 години, растечката корупција, фијаското во економијата, образованието, здравството, земјоделството, кои ги донесе власта на Зоран Заев и СДСМ, од друга страна.

Претстојните избори Зоран Заев треба да си замине од политиката и политичката сцена. Затоа треба да одговори дали сега кога ќе изгуби на изборите ќе си даде оставка и ќе замине од политиката засекогаш. А, веднаш потоа и да одговара за се она што направил.

Изборот е едноставен и убедени сме граѓаните дека ќе извојуваат голема победа заедно со ВМРО-ДПМНЕ над политичкото цунами наречено Заев кое што е штетно за иднината на нашата држава Република Македонија. Граѓаните на 12-ти април јасно и недвосмислено ќе кажат, ЗАЕВ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ.

Вашиот став во врска со отфрлената кривична пријава која што ја поднесе ВМРО ДПМНЕ за нерегуларностите на референдумот во 2018 година ?

Да, видовме од медиумите дека е отфрлена кривичната пријава на ВМРО-ДПМНЕ за нерегуларностите во текот на референдумското гласање. Ова е уште еден показател и доказ дека Зоран Заев управува со правосудните органи, ова е уште еден доказ дека ние имаме наместо независно „Луј Витон“ правосудство кое што во моментот е директно контролирано од Зоран Заев и ова е уште една потврда дека Зоран Заев и со ова отфрлање на оваа кривична пријава се амнестира самиот себеси и луѓето околу него, за она што го направиле како криминал на денот на референдумското гласање.

Не треба поголем показател и доказ, граѓаните тоа сами веќе го проценија и повторно ќе го проценат и знаат од она да се види само во изборниот период односно во текот на денот на референдумското гласање, во текот на оние часови кога излегува Државната изборна комисија со бројката на излезеност да се види во периодните интервали колку луѓе гласале во тие периодни интервали и дали е возможно да на едно гласачко место гласаат за 2, 3, 4 или 5 секунди гласачите.

Затоа уште еднаш потенцираме дека ова е уште една потврда и доказ зошто ние сме хибриден режим, зошто сме заробена држава, зошто Зоран Заев ги има канџите во правосудните органи и со тоа се амнестира уште еднаш за уште една криминална ситуација која што ја има креирано на денот на референдумското гласање.