Македонија
27. August 2017 - 17:09

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон со кој ќе се овозможи бенифициран стаж за рударите

Нов закон за пензионирање на рударите предлага ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката група на опозициската партија најавува дека Законот за остварување право на пензија за работниците во рудараството, ќе го достави до Собранието во вторник. Ваквиот предлог за измени во законот за пензионирање на рударите го најави пратеничката Слаѓана Митовска преку својот фејсбук профил. Таа пишува дека изготвениот закон од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, има цел да го награди трудот и ризикот со кој се соочуваат рударите на своите работни места.

- Основна цел на овој Закон е воспоставување како единствен услов за остварување право на старосна пензија за вработените во рударството да биде пензискиот стаж, со што ќе се овозможи правото на пензија да го остварите порано од останатите категории на работници, пишува Митовска.

Изготвениот закон од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа во пресрет на Денот на рударите 28 август како и празникот Голема Богородица кој се смета за заштитник на рударите.

Инаку според досегашните законските прописи, рударите заминуваат во пензија со навршени 54 години старост но само ако 30 години од работниот век непрекинато остваруваат бенефициран стаж.