ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи да се рефундираат пари на граѓани кои се лекувале од КОВИД-19 во приватни болници
Неспособноста на Филипче и Заев резултираше со над 144.000 заразени и над 4.300 починати. Голем дел од нив не можеа на време да се тестираат, немаа лекови, чекаа за во болница, а 1.700 починаа од јануари до сега, чекајќи вакцина.
Илјадници наши сограѓани мораа да се лечат во приватни болници, за што беа принудени да платат и до 15 илјади евра, некои ги даваа последните пари, некои подигаа кредити, а некои собираа донации. Власта сите ги втурна во сиромаштија. Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе предложи дополнување на Законот за здравствена заштита, со кое ќе се предвиди рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од КОВИД 19 во приватните болници.
Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи сите, кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени, исти како и во државното здравство,
Државата мора да биде во служба на народот. Никој не смее да трпи и страда, затоа што власта е неспособна.
Исто така, со дополнувањата на Законот за здравствена заштита, ќе предвидиме граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство.
Македонија мора да биде земја која се грижи за своите граѓани.
Ели Панова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово