ВМРО-ДПМНЕ: Ќе поднесеме предлог закон за легализирање на трговијата со криптовалути и тоа без ДДВ
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за легализирање на трговијата со криптовалути и тоа без ДДВ.
Предлог законот ќе опфаќа и даночно ослободување со 0% данок на добивка и персонален данок на доход најмалку до 2023 година.
Трговијата и чувањето на криптовалути е веќе возможно во развиените земји. Во САД Пеј Пал веќе нуди на своите клиенти трговија со криптовалути, а во Германија над 40 банки вршат размена и плаќање со криптовалути.
Да не чекаме иднината да дојде, туку да ја донесеме иднината.
Со формализирање на трговијата и чувањето на криптовалутите се создава правна сигурност на тргувачите и се овозможуваат големи приходи за буџетот.
Со ова предлог решение може да се генерираат и до половина милијарда евра во буџетот.
Време е да се свртиме кон иднината. Време е за напредни технологии и развој. Време е за Македонија за сите луѓе!
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи