ВМРО-ДПМНЕ: Ќе одговараат сите кои се огрешиле пред законот и оние кои наместо да го гонат се ставиле во одбрана
Зоран Заев со посебни истражни мерки и во 2014 година е снимен како врши кривично дело.
Постојат разговори во Јавното обвинителство во кои Зоран и неговиот брат Вице Заев организираат злосторничко здружение кое е инволвирано во изборен криминал.
Целата македонска јавност имаше по кој знае кој пат да го види вистинското лице на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Италијанскиот медиум „Ла Верита“ уште еднаш го откри криминогениот карактер на Заев.
Зоран Заев во 2014-та година како лидер на СДСМ и градоначалник во Струмица заедно со неговиот брат Вице биле директни учесници во изборна корупција, изборен поткуп, закани, уцени и притисоци. Со еден збор биле дел од изборен криминал, дело кое не е застарено. Зоран и Вице Заеви договараат одмазда кон неистомислениците и поткуп за оние кои се согласуваат да свиткаат кичма.
Пред само неколку дена беше објавена и целосната снимка за случајот „Поткуп“ која потврди дека Заев барал стотици илјади евра од струмички бизнисмен за работа која како градоначалник била негова работна обврска.
Она што Заев го правеше како градоначалник го пренесе во Владата откако седна во премиерската фотелја, па така криминалот и корупцијата доживеаа ренесанса. Според „Транспаренси Интернешнл“, Република Македонија е на врвот според корупцијата на Балканот. Аболицираниот Заев заедно со криминално-рекетарска банда изминатите три години ја опустоши нашата држава.
Она што најмногу загрижува е тоа што предметот за кој пренесува италијанскиот медиум веќе неколку години седи во фиока во Јавното обвинителство предводено од Јовевски. Ова е вистинската слика за правосудството за кое Заев се пофали дека го „отворил како пупка“.
Правдата е бавна, но никој не побегнал од нејзе, па така нема ниту Заев. Одговорност и санкција за криминалот мора да има. Ќе одговараат сите кои се огрешиле пред законот како и оние кои што наместо да го гонат се ставиле во одбрана на истиот!
Зоран Заев никогаш повеќе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово