ВМРО-ДПМНЕ: Ќе доставиме закон до Собранието за легализација на трговијата со криптовалути и нивно чување
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи ова законско решение, кое покрај легализирање и ставање во правна рамка на тргувањето со круптовалути ќе опфаќа и законско ослободување од пресметување на ДДВ за трговијата со криптовалути, а инвеститорите ќе се ослободат и од плаќање на данок на добивка и персонален данок на доход најмалку до крајот на 2023 година.
Со ова законско решение ќе се обезбедат и до половина милијарда евра за буџетот. А тоа се половина милијарда евра повеќе за проекти и мерки за граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ има план и визија како од Македонија да направи земја во која напредните технологии ќе бидат секојдневие.
Време е да фатиме чекор со напредните држави. Време е за нови технологии и нов пристап. Време е за развој. Време е за Македонија за сите луѓе!
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата