Македонија
6. November 2018 - 16:23

ВМРО-ДПМНЕ ќе дебатира, но нема да поднесува предлози на амандманите за измени на уставот

ВМРО-ДПМНЕ активно ќе учествува во дебата за уставните амандамни. Новиот партиски координатор во Собранието најавува жестока дебата

Мицевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ само ќе дебатира и нема да поднесува амандамни во оваа фаза.
Во власта се мирни. Велат и да сака, ВМРО-ДПМНЕ не може да ја спречи промената на Уставот преку филибастеринг

Расправата за нацрт амандманите стартува утре со седница на матичната комисија за Уставни прашања. Ден потоа стартува и расправата во законодавно правната комисија, за се да заврши до 1 декември за кога е закажана пленарната седница на која на власта ќе и треба 61 глас за да добие зелено светло, нацрт амандманите да ги трансформира во предлог амандмани на Уставот. Оптимистичките прогнози на власта се целата процедура да заврши на стартот на идната година.