ВМРО-ДПМНЕ: Катастрофална состојбата во Струмица по врнежите од снег
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение обвини за нерасчистени улици во Струмица и негрижа на локалната самоуправа за населението.
- Катастрофална е состојбата во Струмица по врнежите од снег и студеното време, а најголема вина за тоа носи незаинтересираниот и неспособен градоначалник Зоран Заев кој граѓаните ги остави на цедило, се наведува во соопштението.
Според партијата, минатиот викенд во Струмица повеќе од 30 лица побарале медицинска помош поради повреди при лизгање и паѓање на мразот кој Заев и локалната самоуправа не го исчистиле од струмичките улици, а 12 струмичани се здобиле со скршеници.
- За жал, деновиве слушнавме и за два трагични случаи со фатални последици за време на поларниот студ во Струмица. Еден живот згаснал поради премрзнување, а вториот додека брзата помош не можела да стигне да интервенира поради неисчистените патишта во општината на Зоран Заев. За ова аболицираниот криминалец мора да понесе одговорност. Додека тој се луксузира и забавува во монденски одморалишта, неговите граѓани добиваат препораки од лекарите да не излегуваат од дома за да не си скршат раце и нозе на мразот кој не го исчистил, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека хаосот во Струмица е доказ за неспособноста на Заев, кој, наведуваат, никогаш не го интересирале граѓаните и нивните животи, туку луксузот и личното богатење.
- Истото што го направи со милионите од Глобал го прави со милионите од струмичкиот гас, го прави со дивоградбата на Цареви кули и со сите криминални тендери во општината, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел