Македонија
9. August 2019 - 16:28

ВМРО-ДПМНЕ: Како е распишан тендер без проект за новиот Клинички центар

Министерот за здравство и премиерот нешто кријат во врска со изградбата на новиот клинички центар обвинува опозициската ВМРО ДПМНЕ. Бараат одговори како е можно надлежните да распишат тендер за изградба и да знаат колкава сума ќе чини а се уште немаат готов проект. Според опозицијата во државниот буџет се до 2021 година од Владата не предвиделе средства за нов клинички центар.

 -  За изградба на клиничките центри во Скопје и Штип во Буџетот за оваа година се предвидени само 9.5 милиони евра, а до 2021 година предвидени само 22 милиони евра. Тоа е за 25 пати помалку од она што сега го распишуваат како тендер Венко Филипче и Зоран Заев.

Како е можно да се издаде одобрение за градба за локацијата на клинички центар, доколку знаеме дека немаат проект, како ќе го решат тоа со кој закон? Дали можеби Заев и Филипче имаат план да преземат веќе готов објект па затоа објавуваат паушална цифра од 500 милиони евра тендер.

0д министерството за здравство не добивме одговори по  обвинувањата. Тендерот е објавен пред два дена а изградбата е предвидена во Општина Ѓорче Петров на локацијата Веле поле. ПРедвидено е да стартува на почетокот на следната година а целосно да биде готов за 2027 г.