ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста очекува оставка на министерката за култура
Министерката за култура освен што е позната по својот скафандер, сега стана позната и по скандалозната изјава со која меѓу редови им порача на уметниците да не творат на историски теми за да не биде тоа препознаено како говор на омраза од страна на Бугарија.
Министерката очигледно добро знае што предвидува протоколот кој што владата на Ковачевски го потпиша со Бугарија и кој уредува дека нема да има државна подршка за уметничкото творештво чиј наратив за Софија може да биде неприфатлив. Со други зборови тоа што нема да биде прифатливо за Софија нема да биде финансирано од страна на македонската влада.
Министерката треба да знае дека и досега и во иднина историската тематика во културата треба да биде силно застапена и тоа е случај во секоја сериозна земја. За жал, само кај нас имаме скафандер министерка која препорачува историјата да се одбегнува и да се разработувале “орасположувачки“ теми за публиката. Според министерката дела како Македонска крвава свадба, автори како Петре М. Андреевски, филмови како Република во пламен и слични други творечки дела треба да бидат цензурирани или заборавени за да се одело напред и да не враќаат кон мрачни времиња.
Ова е срамно и бедно.
Ваков лик кој ја брука и се срами со историјата и културата на својот народ не заслужува да биде ни ден повеќе министер за култура. Оставката на министерката за култура е нешто кое јавноста логично го очекува после ваква тоталитарна и цензурирачка реторика.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро