ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО
Катица Јанева, под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на СЈО за плаќање на роднини и пријатели.
Катица Јанева и нејзините блиски, може да се вбројат меѓу најбогатите во Македонија.
Октоподот на Заеви пуштил пипци низ целото општество, а дел завршуваат со фамилии блиски до нив.
Јанева го вработила својот роднина Вили Јанев, кој од шофер на гевгелискиот суд станал нејзин шофер и затоа му дала 30.000 евра. Јанева на платен список ја ставила и неговата ќерка, Слободанка Вили Јанева – 1.600 евра, која иако подолг период живее во Америка, земала пари од СЈО.
Јанева од СЈО одвоила пари и за Вилма Петкова, сестра на нејзината поранешна колешка и претседателката на Судот во Гевгелија, Злата Попова, на која и дала 15.000 евра.
Најпознат пример за непотизмот на Јанева е Ѓорге Делиџаков, внук од сестра, на кого му дала 28.000 евра.
Јанева се погрижила и за Методи Цилков, сопруг на директорката на психијатриската болница во Гевгелија, Љуба Цилкова, која го издаде боледувањето на Катица Јанева. Тој од Јанева добил 26.000 евра.
Од СЈО земале пари и Драгица Аврамчева, ќерка на Кети Аврамчева, директор на ООУ „Владо Кантарџиев“, која добила 30.000 евра, како и Илија Аврамовски, инспектор во МВР Гевгелија, чија сопруга, Јасминка Аврамска, е командир на ПС Богородица. На него Јанева му дала неверојатни 59.000 евра.
Од буџетот на СЈО имало и за Наташа Олумчева, снаа од брат на поранешниот функционер на СДСМ, Саше Олумчев, која земала 15.000 евра. Бидејќи списокот на роднини очигледно го исцрпила таа го плаќала и Ѓорге Тулупов, другар на нејзиниот син Лазар Јанев, кој земал 24.000 евра.
Ова се класични злоупотреби на службата и парите на граѓаните. Не само што ги ограбила бизнисмените, таа ги ограбила и граѓаните и од нивните пари плаќала роднини и пријатели.
Безредието и апашлукот мора да запрат. Сите незаконски дејанија ќе бидат санкционирани по 12 април, кога ќе се врати правната држава.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка