ВМРО-ДПМНЕ ја повика ДИК денеска да одржи јавна седница
ВМРО-ДПМНЕ ја повика Државната изборна комисија (ДИК) до крајот на денов да одржи јавна седница или работен состанок на кој би присуствувале по најмалку два члена од четирите големи политички партии, потписници на договорот од Пржино од јуни и јули минатата година.
- На оваа средба која би било добро да се одвива во живо, пред камерите и пред јавноста, повикуваме во дебатата да се вклучат и заинтересираните меѓународни претставници кои го следат изборниот процес во Република Македонија. Би дискутирале околу сите ингеренции, законски обврски и можности кои ги има ДИК, нејзините потреби и можноста се да биде поставено на свое место за да нема дилеми околу изборите кои треба да се одржат на 24 април 2016 година, рече на прес-конференција Илија Димовски, член на Извршниот комитет на партијата.
Според него, само на тој начин тие како партија и граѓаните ќе бидат убедени во искреноста на целокупниот процес кој досега, како што рече, го воделе од аспект на неговата крајна цел - конечен излез од кризата во која на вештачки начин беше втурната Република Македонија.
- Според информациите кои до нас стигнаа од Државната изборна комисија и странските експерти кои работат таму, вкрстувањето на податоците, во најлош случај, со мрзлива и неодговорна рбота може да се заврши за максимум 14 дена, рече Димовски.
Додаде дека ВМРО ДПМНЕ е крајно конструктивна и посветена на враќање на стабилноста на државата од почетокот на политичката криза што ја наметнала СДСМ, свесни, како што рече, дека на граѓаните и на земјата не и требаат конфликти и деструкција, туку просперитет и економски развој.
- Се согласивме на измени во Изборниот закон и ги прифативме барањата на СДСМ, се согласивме за нова структура и нов состав на ДИК, се согласивме на прецизно регулирање на можностите партиите на фер начин да обезбедат можност за учество на изборите, иако законските решенија и до сега го нудеа тоа. Конечно, се согласивме СДСМ да ги добие ресорите за внатрешни работи и труд и социјална политика, како и три заменички места без да имаат мандат од граѓаните за тоа, рече членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Во минатиот период, посочи тој, беа исполнети и многу други прашања, договори и обврски од разговорите помеѓу политичките партии.
- Остана да се испочитува уште крунскиот услов на договорот од јуни/јули, а тоа е одржување на предвремените парламентарни избори за кои потпишавме и гласавме во Собрание да се одржат на 24 април 2016 година. СДСМ знаат дека нивната деструктивна политика на креирање кризи нема поддршка кај народот. Затоа како што наближуваше терминот за избори, се зголемува стравот на СДСМ од соочување со граѓаните. Затоа СДСМ почна да измислува нови и нови услови за да ја држи земјава во заложништво и долготрајна криза, истакна Димовски.
Ново на Сител
-
Николоски: Уште шест нови авиолинии до крајот на годината
-
Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД
-
Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас во посета на Тетово
-
Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари
-
Доделување сертификати на 145 земјоделци за одржливо земјоделство во Преспа
-
Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на фабрика за батерии за автомобили на компанијата „ABEE“ во ТИРЗ Кичево
-
Нова американска воена помош од половина милијарда долари за Украина
-
Макрон денеска ќе го соопшти името на мандатарот за состав на влада