Македонија
10. August 2018 - 16:24

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за лошиот извештај за корупцијата на ГРЕКО

Лошиот извештај на Греко е црвен картон за власта обвинува опозицијата. Македонија нема напредок во борба со корупцијата ниту пак препораките на Греко се реализирани според извештајот на претставниците од Советот на Европа. ВМРО ДПМНЕ обвинува дека власта се обидува да го сокрие извештајот според кој резултатите во Македонија се „очигледно разочарувачки“ велат од партијата.

- Власта молчи за црвениот картон од ГРЕКО, заборавајќи дека токму препораките од ова тело беа дел од 3-6-9 планот на оваа власт. Во ткн План 3-6-9 Во делот на судските реформи, стои дека цитирам: „Владата ги прифаќа забелешките и препораките на Европската комисија и на Советот на Европа (Венецијанската комисија и ГРЕКО)“.Во овој момент потсетуваме, реформите во судството ги води лично Зоран Заев, аболициран и помилуван политичар токму за корупција и криминал во случаите „Глобал“ и „Поткуп“. Планот 3-6-9 го води Бујар Османи, за кого Заев пред коалицирањето најавуваше кривични пријави со докази, за потоа да го назначи за вицепремиер.

ГРЕКО заклучува дека ниското ниво на усогласеност со препораките е „глобално незадоволително“ и бара од шефот на делегацијата за Македонија да презентира нов извештај за напредокот во имплементацијата на препораките што е можно побрзо, па се на, најдоцна до 30 јуни 2019.

ВМРО ДПМНЕ потенцира дека власта е соочена со корупциски скандали и афери со злоупотреба на делење буџетски пари на сами себе. Опозициската партија прашува како ли ГРЕКО ќе го разгледа случајот тендер од 35 милиони евра во здравството, грант за иновации на Анѓушев, Локвенец, на советничката Ласкова и како министерката Шеќеринска ќе го објасни делењето пари на наводно непартиски организации. Како што пишуваа медиумите од сметката на министерството за одбрана ќе се префрлат 400 000 денари на здружението „Мултикултура“ во кое според објавените документи, заменик претседател на Управниот одбор е министерот Зоран Шапуриќ.  Министерот демантираше и  најави тужби. 

На обвинувањата за извештајот на Греко реагираа од владејачката СДСМ според велат дека извештајот на Греко е резултат на владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Реагираше и Владата која е на ист став.

Владата целосно спроведе три препораки на ГРЕКО за една година, онолку колку што претходната власт спровела за цели четири години на ниво на сите институции дат дека лошите резултати се должат на владеењето на ВМРО ДПМНЕ стои во реакцијата на владината прес служба .