ВМРО-ДПМНЕ: Изразуваме жалење за жртвата од сообраќајната несреќа, Спасовски и МВР да преземат одговорност
ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко жалење за жртвата, прерано загубениот живот на 24 годишна девојка, во вчерашната сообраќајка на булеварот Партизански одреди.
Ова не е првпат во последните неколку години луѓе да ги губат животите на улиците и патиштата, и секогаш притоа одговорноста изостанува.
И после 24 часа од МВР молк. Спасовски се фали со некакви бројки за намален број на сообраќајни несреќи, а во исто време штанцаат афери.
Криминалци прават сообраќајки и се на слобода. Власта испраќа порака на неказнивост и го стимулира хаосот на улиците.
Апелираме до МВР и Спасовски да го расчистат случајот во најкраток можен рок, но и да ги зголемат контролите на улиците и патиштата.
Во исто време го повикуваме Спасовски да преземе одговорност. Тој е 6 години министер за внатрешни работи, а безбедноста од година во година е се полоша.
Спасовски е неспособен да менаџира со МВР, и хаосот во државата, неказнивоста на криминалот и страдањето на граѓаните е поради неговата неспособност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти