Македонија
24. November 2018 - 16:13

ВМРО - ДПМНЕ излегува на протести

ВМРО-ДПМНЕ од среда излегува на антивладини протести. На точно една година од како што велат најцрниот конструитан процес во кој пратеници, уметници, актери, режисери и оперски пејачи се апсеа за измислен тероризам, опозицијата застанува на патот на антинародната власт.

ИК заклучи дека од доаѓањето на новата власт државата само тоне, а граѓаните се обвиткани во црна сиромаштија. Ова е црно време за македонската економија, во кое образованието е девастирано, земјоделието тоне, здравството е во хаос и буквално секој сегмет на  општеството е завиен во црнило.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека државата од страна на СДСМ се води во целосно погрешна насока и дека истата само тоне во сиромаштија, криминал и корупција, информираат од партијата.

И додека опозицијата најавува протести, од СДСМ велат дека Македонија оди напред кон НАТО и ЕУ. Владејачката партија е убедена дека последните политички настани во земјава нема да го нарушат веќе обезбеденото двотретинско мнозинство за устаните измени.

Локвенец не ја исклучува можноста во следниот период да се разговара со други пратеници од опозиција со цел да се обзебеди уште поголемо мнозинсто за промена на Уставот.

Деспина Тодоровска Сител ТВ