Македонија
13. February 2020 - 11:12

ВМРО-ДПМНЕ: Избори на 12 април за крај на кризата и политичката кариера на Заев

Власта, државата со последните скандали ја втурнува државата во уште поголема криза и ја оддалечува од европската иднина. Избори на 12 април, а потоа одговорност за криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата.

Ова е заклучокот од синоќешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на која расправаше за актуелната општествено политичка состојба и подготовката на партијата околу предвремените парламентарни избори, а што го соопшти партијата преку соопштението утрово.

Во соопштението наведуваат дека интерес на граѓаните е правна држава, почитување на законите, уставот и спречување на оваа политичка агресија на власта, преку носење закони како тој за марихуана кои имаат единствена цел, богатење на семејството Заеви.

ИК на ВМРО ДПМНЕ смета дека со вчерашните настани во Собранието и материјалот доставен од свиркач практично се докажува дека мозокот на операцијата Рекет е токму Зоран Заев. Јасно е, наведуваат, дека Зоран Заев бил финансиер на телевизијата на главноосомничениот за Рекет Јовановски и дека Заев точно знаел и бил упатен и за најситните детали од рекетот.

-Вистинскиот мотив е стравот на Зоран Заев од одговорност после поразот на 12 април и затоа на сила турка противуставен закон за јавно обвинителство со кој се овозможува амнестија на криминалите. ИК на ВМРО ДПМНЕ смета дека државата не смее да биде заложник на личните интереси на поединци на Власта како и стравот од одговорност на оние кои се огрешиле пред законот. 12 април е денот кога мора да се одржат предвремените парламентарни избори за крај на кризата и за крај на политичката кариера на Заев, истакнуваат во соопштението.