Македонија
12. January 2018 - 14:46

ВМРО-ДПМНЕ избира нови членови на Извршниот комитет

Нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да бидат избрани вечерва на седница на Централниот комитет на партијата. Членовите ги номинира претседателот на партијата, а ги избира ЦК.
 
Со изборот на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сè поизвесно е дека ќе бидат предложени и повеќе нови членови во раководните тела на партијата, а постарите кадри ќе се повлечат.
 
Како што неодамна најави Мицкоски, преку внатрешното реконструирање, промена на Статутот и формирање две нови тела – Совет на претседателот и Совет на Извршниот комитет, партијата ќе се модернизира и според него, ќе понуди нов квалитет и нова надеж на политичката сцена во Македонија.
 
ВМРО-ДПМНЕ треба да избере и нов генерален секретар, а не се исклучува и можноста да бидат назначени и повеќе потпретседатели на партијата.