Македонија
6. February 2019 - 8:54

ВМРО-ДПМНЕ: Итни и неодложни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските

Македонската нација не е производ на антагонизам, ниту на комунистите. Македонската нација е производ на македонскиот народ, кој живее на овие простори со векови. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува навредите искажани од професорот Сафетас кој е дел од грчката комисија која благодарение на аболицираниот Зоран Заев ќе ја прекројува македонската историја и учебниците.  

Македонија нема територијални претензии кон Грција, ниту некогаш ги имала.

СДСМ и Зоран Заев треба веднаш да реагираат и да ги осудат ваквите ставови кои доаѓаат од грчката академска фела, а се креатори на јавното мислење во Грција. Доколку владата навистина се залага за добрососедски односи и взаемно почитување, треба да се избори и за почит на Република Македонија и нејзината историја, традиција, култура и археологија.

Срамно и недозволиво е што СДСМ со нивната антидржавно делување ја донесе државата до дереџе да биде негирана и понижувана.

СДСМ противправно и против волјата на народот го смени името на државата и дозволи национална катастрофа.

Последиците кои СДСМ ги предизвика врз државата се огромни. СДСМ мора да си замине. Понижувањата не смеат да продолжат. Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори заедно со  претседателските избори. Народот ќе му каже НЕ на СДСМ.