ВМРО-ДПМНЕ: Институциите задолжени за борба со криминалот ги кршат законите
Последните случувања на релација Русковска- Муареми покажуваат дека институциите надлежни за борба со криминалот го правеле токму спротивното. Меѓусебните обвинувања за прекршувања на законите даваат одговор зошто криминалот цвета во Македонија и зошто правосудството има само 8% доверба кај граѓаните.
Но ова воопшто и не зачудува, ако се има предвид дека врхушката на власт е корумпирана до срж, кога владата ја водеше и сеуште ја управува амнестиран криминалец, кога клучните приоритети на власта се како да наместат некој тендер или јавна набавка, кога се прават милионски криминали со физибилити студии и слични други далавери.
Да имаше правна држава до сега за стотиците скандали и афери за оваа власт ќе имаше барем десетина разрешници. Но институциите наместо да го гонат криминалот на власта, тие го прикриваа и штитеа, па дури и биле злоупотребувани за лично богатење. Секаде врие од криминал и корупција, а системот целосно се распаѓа. Власта на СДСМ и ДУИ е свесна дека пропаѓа па се фрлила во тотална кражба. Им порачуваме дека ќе одговараат за секој криминал што го сториле и за секоја злоупотреба на функцијата која ја направиле.
ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Разговорот со Радев беше пријателски и со почит, ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси
-
Дел од општина Центар утре без вода
-
САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување
-
Бајден: На американската тајна служба и треба повеќе помош и работна сила
-
Градоначалникот на Белград повторно зборува за селење на гробот на Тито од Куќата на цвеќето
-
Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида
-
Тепачка помеѓу две сестри во Скопје