ВМРО-ДПМНЕ: Имаме принципиелен став кој го презентираме секогаш и секаде
СДСМ во очај единствен спас бараат во лажните вести кои што ги креираат и лиферуваат.
ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски имаат принципиелен став кој го презентираат секогаш и секаде, а тоа дека поддржувале и ќе поддржуваат се она кое што е во прилог на граѓаните и на Република Македонија. Но во никој случај ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски не може да прават компромиси со јазикот и ликот и делото на Гоце Делчев кои биле и ќе останат македонски.
СДСМ се обидува на секој можен начин своите погубни национални и државни политики да ги припишува и на други, ама не може. Дури и со медиумски хајки и лажни вести не може да се покрие фактот дека Зоран Заев направи штетни договори со кои го раскрчмува идентитетот на народот, јазикот и државата. Со тоа мнозинството во Македонија и ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласат.
Казната за погрешните политики, Заев и СДСМ ќе ги стасаат многу скоро и нема да ги спасат лажните вести пишувани и лиферувани од нивните политичко-медиумски кујни.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата