Македонија
15. December 2015 - 16:44

ВМРО - ДПМНЕ има подобра политичка програма од опозициската СДСМ - „Брима Галуп“

Македонците сметаат дека политиката на опозицијата е деструктивна наспроти таа на власта која е конструктивна. Последното испитување на Брима Галуп спроведено во соработка со Република покажува дека 52,5 проценти од граѓаните сметаат дека опозицијата води деструктивна политика, додека според двојно помалку испитаници политиките на опозицијата се конструктивни. Од друга страна 48,6 проценти од анкетираните сметаат дека политиката на власта е конструктивна а 17 проценти помалку од нив сметаат спротивно.

На прашањето кој има подобра политичка програма одговорот на анкетираните бил 56 наспроти 16 проценти во корист на владејачката партија.

Слична е определбата на граѓаните и кога станува збор за кадрите на партиите. Безмалку 53 проценти од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има подобар политички кадар, додека според 23 проценти од  граѓаните подобар е кадарот на социјалдемократите.

55 отсто од испитаниците не веруваат во ветувањата на СДСМ додека во нив веруваат 21 процент од граѓаните.

Според 53 проценти од анкетираните опозицијата не би била подемократична од власта доколку дојде на чело на државата, додека спротивното го сметаат 22 отсто од испитаниците.

Според медиумите сите овие резултати го исплашиле опозицискиот лидер кој бара начин да избега од изборите.

Независната агенција за истражување на јавното мислење Брима Галуп го спровела истражувањето во периодот од 29 октомври до 3-ти ноември 2015 година при што биле анкетирани 1007 испитаници.