ВМРО-ДПМНЕ: Има ли земјава премиер, три дена бега од одговорност
Има ли земјава премиер, три дена го нема и бега од одговорност?!
Заев мора да знае дека неговата кариера е неважна кога 14 луѓе изгореа живи. Држењето за фотелја по секоја цена покажува дека Заев е личност без основни принципи и вредности.
Не е доволно што Филипче дава предлог за негова оставка. Треба Заев веднаш да ја прифати, и веднаш потоа и самиот да си поднесе оставка.
Само кога Филипче, Груби и Заев нема да бидат на функции ќе може да се изврши непристрасна и реална истрага која ќе даде одговор за виновникот за траорната несреќа во Тетово.
Заев колку и да се криеш, не можеш да избегнеш од одговорноста за сите загубени животи. Моралната одговорност мора да биде императив за секој политичар.
Оставки веднаш.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени