Македонија
26. March 2023 - 16:39

ВМРО-ДПМНЕ им одговори на СДСМ и на ДУИ за уставните измени

Сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се проевропски, но тоа не значи дека ќе ги поддржат уставните измени без мандат даден од граѓаните на избори. Опозицијата одговори на секојдневните повици на двете владејачки партии СДСМ и ДУИ да одговорат колку од нивните народни избраници се ЗА уставни промени како услов за старт на преговорите со ЕУ.

Немањето 80 пратеници за власта не е пречка да го стартува процесот. СДСМ најавува дека наскоро ќе биде формирана експертска група која треба да ги формулира уставните амандмани  

   Очекувано за едно вака значење за државата одредени поединци и партии како што се Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се служат со лаги и манипулации. Овде станува збор за два концепта , едниот е полноправно членство во Унијата, другиот е уназадување и на процесот со тоа и на државата. По однос на првиот дел до прашањето наскоро ќе има експертска група за формулација, и ги повикуваме сите да се вклучат и да учествуваат во реформите кои водат кон членство на земјата во ЕУ, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Но, покрај уставните измени, бугарскиот шеф на дипломатијата вели дека европскиот пат на Македонија ќе зависи и од заштитата на правата на Бугарите во земјава. Бришењето на бугарските здруженија Милков го посочува како негативен пример, за кој очекува сериозна реакција од европските партнери.

По однос на сите настани што се случуваат, МНР реагира, што не останува незабележано од нашите партнери. Конкретно се обраќаме и до поединечни структури. Лично го известив Советот за надворешни односи на ЕУ. Нашата амбасада во Скопје е во постојан контакт со тамошната делегација на ЕК, но не сме задоволни само со ЕУ, бидејќи таа често користи извештаи и експертиза на други структури и организации за своите оценки, на пример на Советот на Европа, каде што исто така треба да има информации. потчинети на овие односи“, рече Милков.

Од Милков сепак нема ниту збор за правата на Македонците во Бугарија и непочитувањето на 10тиците пресуди на Европскиот суд за човекови права, ниту за последниот извештај на Стејт депарментот кој нотираше дека Софија и натаму одбива да ги регистира македонските здруженија.