Бизнис
12. January 2017 - 14:12

ВМРО-ДПМНЕ: Идејата за укинување на радиодифузната такса е апсурдна

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на СДСМ, кој најавува укинување на радиодифузната такса, оценува дека се работи за апсурдни и неуки идеи со кои би се уништил националниот радиодифузен сервис.

- СДСМ сака да стори се што може за да го уништи националниот радиодифузен сервис како во времето кога не даваше плата по 7-8 месеци, прогласуваше технолошки вишок и оставаше 500 фамилии без леб. Во нивните намери тогаш ги спречи Европската радиодифузна унија која ја наметна РДТ токму во време на СДСМ, меѓу другото и како начин како да се задржи независноста на сервисот од партиски влијанија доколку би се користеле на средства од буџет, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Оттаму посочуваат дека СДСМ се занимава со теми кои не се во негови ингеренции со цел да го дефокусира вниманието од изборниот пораз во последните десет изборни циклуси. - Наместо тоа треба да се занимава со очекуваната оставка која Заев најави дека ќе ја поднесе во случај на пораз каков што СДСМ доживеа, се вели во реакцијата.