ВМРО-ДПМНЕ: И Стево како и Заев лаже
Стево Пендаровски и Зоран Заев се исти 102.5%. Зоран Заев ветуваше дека се додека дише нема да го промени уставното име на државата. Зоран Заев го промени името на државата. Зоран Заев излажа. И Стево како и Заев лаже.
Секое ветување на Стево Пендаровски е лага. Исто како што и секое ветување на Зоран Заев пред избори гледаме дека е лага.
Во интервју за бугарска телевизија само неколку недели пред да го смени името, Заев кажуваше колку е понижување доколку би требало да го смениме името и за внатрешна употреба, па и на владата да го пишува новото име. Зоран Заев само неколку недели подоцна го промени името и за внатрешна употреба. Зоран Заев излажа. Стево Пендаровски е 102.5% ист како Зоран Заев и тој лаже како Заев.
Зоран Заев јавно ветуваше и се колнеше, за по само неколку месеци да направи се спротивно на тоа што првично го ветуваше.
Република Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Република Македонија има потреба од чест и работлив претседател, кој ќе води сметка за државните и национални интереси. Република Македонија има потреба од претседател како Гордана Силјановска Давкова, која држи до својот став, и стои на линија на македонските државни и национални интереси.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море