Македонија
9. February 2018 - 16:45

ВМРО-ДПМНЕ и Министерството за администрација во конфликт за тужби од администрацијата

Раководителите во јавната администрација на СДСМ им вршат притосок на вработените службеници со спогодба да се откажат од неисплатените додатоци на плата ако сакаат да останат на работа, обвинуваат од опозициската ВМРО- ДПМНЕ. Се работело на додатокот на плата за степен на кариера кој не е исплатен од 12 февраури 2015 година заедно со камати за неисплатените побараувања. Раководителите, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, им давале спогодби на административцитесо кои ќе се откажат од додатокот и од тужба пред да истече рокот за застареност за побарувањето кој истекува за три дена.

Опозицијата тврди дека ваквите спогодби се ништовни и ги повикува јавните службеници да не ги потпишуваат, а наместо тоа да си поведат постпака пред суд за да си ги добијат парите.

„Се врши ли притисок врз вработените во администрацијата на овој начин? Дали власта врши мобинг врз администрацијата? Комисијата за администрација на ВМРО-ДПМНЕ го повикува инспекторатот за труд да преземе мерки за заштита на вработените.  Во исто време го повикуваме Народниот правобранител да се запознае со ситуацијата и да преземе мерки за заштита на вработените и нивните права. Ги повикуваме и синдикатите како УПОЗ,  КСС и другите синдикати да ги заштитат вработените“

Опозициската партија ги нуди и своите правни служби за помош на административците.

Надлежните во министерството за администрација пак, тврдат дека правото на додаток на амдинистративците незаконски го укинала претходната влада, како дел од антикризните мерки. По ова вработените покренале тужби, што според надлежните, државниот буџет дополнително се оптоварува со судски и адвокатски трошоци.

„Имено, во 2016та година имало 186 активни предмети и 3.790.752,00 денари, за адвокатски трошоци.  Во 2017та година, таа бројка изнесува 722 активни предмети, и 5.172.090,00 денари, за адвокатски трошоци. Со цел да се укаже дека нема потреба, од овие дополнителни трошоци на грбот на товар на државата и на штета на граѓаните, со информација на Влада, ги задолживме институциите во вонсудска постапка да се спогодат за незаконски неисплатените средства од претходната влада“, велат од министерството.