Македонија
2. November 2017 - 20:31

ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата „За подобра Македонија“ од денеска конструктивна опозиција во Град Скопје

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја напуштат работата на Градскиот совет во Скопје. Иако од партијата не ги признаа резултатите од локалните избори, 17-мината советници денеска на конститутивната седница најавиа дека ќе бидат конструктивна опозиција.

Со советот на Градот Скопје во следните четири години ќе раководи Љубица Јанчева. За нејзиниот избор гласаа 26-мина советници – не доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, советниците од оваа коалиција гласаа воздржано..

Пред членовите на советот се обрати и градоначалникот на Скопје кој побара поддршка во борбата против загадувањето на градот, но не откри какви мерки ќе превземе градската власт..

Во новиот совет на градот Скопје, советнички места освоија шест партии. Мнозинството предводено од СДСМ брои 21 советник, опозициската ВМРО-ДПМНЕ има 17, ДУИ ја претставуваат 3-ца советници, БЕСА две и по едно советничко место имаат Левица и Алијанса на Албанците.