Македонија
25. February 2019 - 16:23

ВМРО-ДПМНЕ и денеска обвинува за непотизам во јавната администрација

Нови обвинувања од ВМРО ДПМНЕ за непотизам. Од партијата се сомневаат дека пратеничката од СДСМ Тања Ковачев го искористила своето влијание да ги вработи сопругот, сестрата и зетот, како и нејзината золва.

Станува збор за работни места со многу висока плата, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од опозицијата велат дека секој ден добиваат писма и пораки од разочарани граѓани од оваа власт, која, како што велат од ВМРО ДПМНЕ, ја претвори државата во приватна фирма за вдомување функционерски роднини.

Од Владата велат дека го следат целиот процес со спорните вработувања. Според премиерот, секој граѓанин има право на засновање на работен однос, но етичноста е црвената линија која не смее да се помине.

Антикорупциската комисија веќе отвори постапки за 18 вработувања на блиски роднини на актуелни функционери од власта. Антикорупционерите најавија дека ќе ја побараат целосната документација за вработувањата и по извршените анализите, ќе ја известат јавноста.