Македонија
7. October 2019 - 21:48

ВМРО-ДПМНЕ: Голем број вработени во културата го изразија своето незадоволство

Криминалната банда на власт продолжува со лагите и манипулациите. Прес конференцијата на најнеуспешниот министер за култура во историјата на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски е очаен и во смешен обид да се минимизира значењето на протестот на вработените во културата.

Целта на власта е повеќе од очигледна, целта е да се намали масовноста на протестите кои јасно потврдуваат дека културните работници се незадоволни од погубните политики на СДСМ во културата.

Нивелирањето не ги решава проблемите со платите на културата туку е само шминка за да се покрие отсуството на квалитетни политики и искрени заложби да се реши овој проблем. Нивелирањето на платите не е извршено на ниво на сите дејности во културата, туку единствено во рамките на една дејност што значи дека постојат разлики помеѓу примањата на вработените од една во друга дејност.

Голем број вработени во културата го изразија своето незадоволство во Министерството за култура затоа што оваа нивелација овозможи дискрапанца во покачувањата, еден вработен доби 5% покачување, друг дури 30%.

Јавно го повикуваме Алаѓозовски да престане да ја лаже и манипулира јавноста. Колективниот договор им го ветувате на вработените во културата веќе три години, од првиот ден кога станавте министер. Јавно ве повикуваме, доколку воопшто постои нацрт текст на Колективниот договор јавно да го објавите, на увид на сите културни работници. Авторите, уметниците, културните работници заслужуваат да бидат слушнати и соодветно да се одговори на нивните потреби и барања.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ