ВМРО-ДПМНЕ: Годината што беше најавена како економска, стана фијаско
Патот по кој Зоран Заев и СДСМ ја водат македонската економија и држава завршува во бездна. Криминалната банда стационирана на Илинденска б.б. на чело со аболицираниот Заев ја опустоши македонската економија, а граѓаните ги доведе до просјачки стап.
Розевите очила на власта веќе не може да ја покријат суровата реалност во која повеќе од половина милион граѓани на Република Македонија живеат во сиромаштија. Сега власта се соочува со последиците, огромно незадоволство на граѓаните кои ќе ја казнат на предвремените парламентарни избори.
Неспособноста на криминално рекетарската банда на власт ја чувствува и бизнис секторот. Откако германските бизнисмени македонската Влада ја оценија со нула, катастрофалните економски политики ги нотира и Светската Банка. Според извештајот на Светска Банка насловен како „Дуинг бизнис“ , годината која Заев ја прогласи како економска впрочем е фијаско, па така нашата држава бележи назадување кое резултираше со пад од 7 места на ценетата листа.
Катастрофална е и реализацијата на капиталните инвестиции која според последниот извештај за реализација на буџетот заклучно со септември 2019-тата година е нешто повеќе од 8.5 милијарди денари, односно поразителни 32.3 проценти од тоа што било планирано на почетокот на годината.
Македонија тоне на секое поле. На поразите и понижувањата кои Зоран Заев им ги сервира на македонските граѓани нема крај. Никој повеќе не му верува на Зоран Заев и неговата криминална банда. Неговата политички кариера завршува на 12 април. Граѓаните ќе изберат обнова на Македонија наместо арамиска влада на чело со аболицираниот Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер