Македонија
28. November 2020 - 9:43

ВМРО-ДПМНЕ: Го повикуваме Заев да не си игра со идентитетот, јазикот и историјата

Коцкарската игра на премиерот во заминување Заев му носи пораз и на преговарачка маса со Бугарија и во СДСМ.

Измамникот Зоран Заев трајно ги наруши позициите на Македонија во однос на Бугарија. Тој ги поткопува темелите на државноста и ја поганува жртвата на Илинденците и Партизаните за македонска држава.

Ако е точно дека премиерот во заминување Заев веќе направил нов нацрт договор со кој се откажува од македонскиот јазик, идентитет и историја тоа ќе биде огромен пораз за македонската држава.

Го повикуваме Заев да не си игра со идентитетот, јазикот и историјата.

Неговиот срам нема да дозволиме да биде и наш колективен срам.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот нема да дозволи Заев да ја распродава Македонија.

Блокадата од Бугарија е вина на коцкарските политики на Заев неговите ветувања и желбата по секоја цена да се заддржи на власт за да краде. Тој повеќе нема легитимитет да преговара и затоа треба да си даде оставка. Оставка на Заев, слобода на народот.