Македонија
13. December 2016 - 17:09

ВМРО - ДПМНЕ го повика Заев да им ја честита победата како што тоа го прават во сите демократски земји

Во демократски земји и на мала разлика пораезните им честитаат на победниците. Џон Кери ја призна победата на Буш. Пред 8 години Мек Кејн истата вечер му се јави да му честита на Барак Обама. Ваква пракса има и помеѓу европските политичари. Овие примери синоќа ги посочи Владимир Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ  и побара Зоран Заев и СДСМ да им ја честитаат победата. Ѓорчев истакна дека во 2000 година во Флорида изборите биле одлучени со разлика од само 537 гласа во земја со 300 милиони жители, а Ал Гор му честитал на Џорџ Буш.

- Исто и оваа година во САД имавме честитање на победата. Во Германија разликата помеѓу Шредер и Штојбер беше 6 000 гласови. Во 2006 година во Италија разликата беше 25 илјади гласови, земја која е 30 патип поглема од амкедонија, разликата меѓу Проди и Берслускони беше 0,1%. И тогаш Берлускони му честиташе на Проди. Овој пат во Македонија разликата е поголема. СДСМ и Заев треба да имаат европски манири, да честитаат, да ги верификуваат изборите кои ги верификуваа сите западни земји, изјави Владимир Ѓорчев, носител на листа на ВМРО и коалицијата во ИЕ 6.

Неделните избори во Македонија завршија со околу 17.700 гласови повеќе за ВМРО ДПМНЕ од нивниот политички ривал СДСМ.