ВМРО - ДПМНЕ го поднесе Законот за амнестија
ВМРО-ДПМНЕ му предложи на Собранието да ги амнестира сите инволвирани во настаните од 27 април. По скратена постапка, опозицијата бара Собранието да донесе закон со кој ќе ги запре сите постапки и ќе ги укине казните на оние кои се веќе осудени за настаните во законодавниот дом од минатата година.
Власта уште пред да го види, го одби овој предлог
Од СДСМ додаваат дека треба да се направи разграничување меѓу амнестија и помирување и дека мешање во судството, како што тие велат, нема да има.
Од владејачката партија велат дека на барање на исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе се формира комисија за помирување и дека на неа, пратнеиците од опозицијата можат да присуствуваат.
Во ВМРО-ДПМНЕ се уште нема прецизен став, дали партијата ќе учествува на комисиите кои ги води Талат Џафери.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар