ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот врз новинарот на Телма
Новинарите и медиумите мора да бидат оставени слободно да ја вршат својата работа. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува сите притисоци и напади и сите обиди преку какви било закани и прогласувања за непријатели медиумите да бидат заплашени и цензурирани.
Ова се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод вчерашниот напад врз новинар пред МВР.
- ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува вчерашната брза интервенција на полицијата и расчистувањето на инцидентот со новинарот на Телма. Само на таков начин може да се оттргнат сите сомнежи и сите политички злоупотреби на ваквите недолични постапки. ВМРО-ДПМНЕ бара надлежните органи на виновникот да му изречат соодветна санкција, се вели во соопштението.
Заканите кон медиумите, нападите врз новинарските екипи, демолирањето на радио станици, навредите, одземањето мобилни телефони и сите останати форми на насилство, како што се наведува, мора да останат само сеќавање на едно црно минато кога аболицирани политичари се обидуваа да дојдат на власт без поддршка од народот, притоа газејќи се што одбива да работи по нивните налози.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење