Македонија
12. January 2018 - 17:28

ВМРО-ДПМНЕ го избра новото партиско раководство

ВМРО-ДПМНЕ го избра новото партиско раководство. Централниот комитет на партијата вечерва му ја даде довербаа на екс директорот на ЈСП Игор Јанушев да биде нов Генерален секретар. Јанушев добро се познава со Мицковски со оглед на тоа што му беше заменик во времето кога тој ја вршеше функцијата на партиски генерален секретар.

За прв пат по долги години ВМРО-ДПМНЕ доби и тројца потппретседатели. Екс министерот Владо Мисјаловски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и поранешниот пратеник Александар Николовски ќе бидат најблиските соработници на лидерот Мицкоски.

Со 112 гласа за и само 1 против избран е и новиот Извршен комитет на партијата. Во него над 80% од членовите се нови кадри кои до сега не членувале во највисокот извршно тело на партијата.

Од искусните кадри нови членови на ИК се Влатко Ѓорчев, Александар Николовски, Коце Трајановски како и оние кои членуваат по функција како Рангелова и Неловски.

Нов член на извршниот комитет е и екс министерот Трајко Славески, актерот Тони Михајловски но и Игор Божиновски чија сопруга елена е притворена во рамките на акцијата на МВР за настаните од 27 април. Мицкоски во новиот Извршен направил место и за реформаторите, па висока функција доби и Костадин Богданов. Партискиот претседател вели дека со тоа партијата покажува едно ново лице кое треба да овозможи предвремени избори и брзо враќање на власт.

Мицкоски вели дека во согласност со најавените статутарни измени партијата ќе добие и две нови советодавни тела. Едното ќе го советува лидерот а дурогот извршниот комитет. Патискиот претседател вели дека нивниот состав ќе биде комплетиран наскоро и изрази уверување дека тоа ќе и даде допоолнителна вредност на партијата.

По промените во Извршниот комиет, Мицкоски најави промени и во општинските комитети.

Согласно статутот, мандатот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ трае 2 години.