Македонија
15. November 2020 - 10:00

ВМРО-ДПМНЕ: Главен виновник за високите бројки заразени од КОВИД-19 е Филипче, оставка веднаш

Главен виновник за целата ситуација во државата поради ковид пандемијата е Венко Филипче. Поради неговата неспособност од почетокот на пандемијата до денес над 46 илјади граѓани се заразија од вирусот и над 1200 ја изгубија битката со вирусот.

Овие алармантни бројки ни најмалку не го загрижуваат Филипче, па без никаков срам праќа соопштенија дека Христијан Мицкоски е виновен за неговата неспособност.

Здравствениот систем е колабиран, исцрпени медицински лица, нема соодветна, а нема ниту секаде терапија, граѓани умираат на пат до болница или во ходници, а Филипче и Караџовски викаат под контрола е ќе разговараме во понеделник?

Се почести се апелите за помош и собирање донации, по социјалните мрежи, за своите најблиски да ги лечат во приватните установи. Граѓани се заглавуваат во кредити, за да најдат лек во приватно здравство.

Филипче, како министер, не решава проблеми затоа што тој е проблемот.

Токму затоа, Филипче веднаш треба да понесе одговорност!

Филипче, оставка веднаш!