Македонија
20. October 2018 - 0:32

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи од партијата пратениците кои гласаа „за“

ВМРО-ДПМЕ ги исклучи од партијата кои пратениците кои гласаа „за“ започнување на постапка за уставни измени.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски рече дека седумте пратеници кои гласаа „за“ Собрание, а се членови на партијата не само што ја изневериле партијата, туку ја изневериле татковината.

Извршниот комитет вечерва одржал вонредна седница и на негово барање одлучувал и ги исклучил од партијата пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Елизабета Канческа-Милевска, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајлоска - Старова и Емилија Александрова.