Македонија
3. March 2021 - 15:42

ВМРО-ДПМНЕ: Фридом Хаус потврди – Македонија има сериозен проблем со корупцијата

сооопштение:

Македонија нема напредок во борбата со корупцијата, нотира Фридом Хау Македонија тапка во место, односно ништо не се сменило.

Корупцијата останува сериозен проблем, постои широко распространета неказнивост за корумпирани владини службеници, вклучително и членови на парламентот и на судството. Наспроти фалбите за реформи, продолжуваат да се појавуваат сериозни скандали со корупција и набавки. Ова е оценката на Фридом Хаус.

Македонија останува делумно слободна држава во која што се уште се нотирани, изборен поткуп, заплашување на гласачи. Македонија е земја во која новинарите се предмет на политички притисок и вознемирување, а физичките напади продолжуваат да се пријавуваат. За дел од медиуми се нотира дека се врзани за политички или деловни интереси кои што влијаат на нивната содржина.

Тоа што власта сака да го истакне како постигнување, трите поени разлика, се должат токму на тоа што ВМРО-ДПМНЕ неколку пати го истакнува, а тоа е дека беа признаени избори во име на ветената европска иднина, односно почетокот на преговорите со ЕУ.

Трите поени се однесуваат на тоа што без проблеми била формирана влада по јулските избори, иако се регистрирани изборни измами, закани и други форми на изборен притисок, а се нотира и забелешката од ОБСЕ дека власта во последен момент ги сменила изборните правила.

Оценката на Фридом Хаус дека Македонија е делумно слободна држава само се надоврзува на оценките од почетокот на годинава за Хибриден режим на Економист, на оценката дека Македонија тоне во корупција според Транспаренси.

Македонија со Зоран Заев, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ, Љупчо Николовски и другите не може да постигне никаков напредок, освен во корупцијата, криминалот, поткупот, заканите и заплашувањата.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ