Македонија
28. October 2021 - 11:45

ВМРО-ДПМНЕ: Формирано е ново мнозинство во Советот на Град Скопје

 ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека обезбедиле мнозинство во Советот на Град Скопје.

– Досегашната парламентарна опозиција во македонското собрание, преку освоените советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбеди апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на град Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека новото мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население.

-Со ова, обзнануваме дека актуелната владина коалицијата на СДСМ и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје. Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Град Скопје и на неговите општини, стои во соопштението.